Oriented Strand Board - (плоча од ориентирани струготини) претставува плоча која е продукт создаден од пресувани струготини од дрво кои се ориентирани во иста насока за добивање на поголема цврстина и еластичност. Струготините се врзуваат со посебни полимерни материјали како смоли и други слични врзива. Постојат четири класи, од кои најупотребувана е ,,Класа 3''. Со дебелина на табла од: 9, 11, 12, 15, 18, 22, 28.5 мм., и стандардни димензии од 1220 x 2440 мм.