ИЗВЕДБА

 

МОНТАЖНА ГРАДБА ОД СИП ПАНЕЛИ

Градењето со СИП ПАНЕЛИ е многу побрзо од традиционалните методи на градба.
Покрај намаленото време на градба, овој метод нуди oгнотпорност и водотпорност.
Сеизмолошки тестирани а структурната сила на монолитните зглобовипостигнува висок степен на издржливот на земјотреси, ветер, како и вибрации од движење во секојдневниот живот.
Економичност со оптимизирани трошоци за градба. Се користат над 70% рециклирани материјали и суровини а благодарение на постигнатата лесна тежина се заштедува и при монтажа и транспорт.
Висока енергетска ефикасност на градба со ниски годишни трошоци за енергија а заштедува над 65% од потребите на корисникот за енергија во споредба со традиционалната градба на домови. Разновидниот и приспособлив систем за за градење со употребата на структурно изолациони панели СИП, овозможува создавање на високо енергетски ефикасни еколошки објекти, а истовремено функционални, удобни и комфорни, како и модерно естетски домови.
Еколошка градба - намалена емисија на CO2 односно емисијата на CO2 се сведува на 33,5kg CO2 eg/m2 во еко сип градбата наспроти традиционалната градба со бетон каде емисијата на CO2 изнесува 171kg CO2 eg/m2. Како најголем виновник за глобалното затоплување е токму емисијата на CO2. На глобално ниво на секторот градежнитво отпаѓаат 39% од вкупната емисија на CO2.
Во градбата се имплементираат и се користат енергетско обновливи извори на енергија. Приоритетни се природните обновливи ресурси наспроти необновливите. Ваквиот начин на градба го прави домот самоодржлив а со примена на дигитализацијата се зболемува и можноста и за избор на простор и локација за постојано живеење која е невозможна за функционирање во секојдневие за традиционално изградените домови.
Градбата со ЕКО СИП ПАНЕЛ е побрза, поиздржлива, поекономична и пред се еколошка градба.
 

КОМБИНИРАНА ГРАДБА

Овој тип на градба е комбинација од класичната градба со армирано бетонска конструкција и СИП Панели како ѕидови и кровна покривка.
 

ФОТОГРАФИИ ОД ПРОЦЕСОТ НА ГРАДБА

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

КОЈА Е ЦЕНАТА ПО М² ЗА ИЗВЕДБА? toggle-icon
ОД ШТО СЕ ИЗГРАДЕНИ ВАШИТЕ КУЌИ? toggle-icon
ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ МОНТАЖНИТЕ КУЌИ? toggle-icon
КОЛКУ ГАРАНЦИЈА ИМААТ КУЌИТЕ? toggle-icon
КАКВИ КУЌИ ГРАДИТЕ? toggle-icon
 

ФЛАЕРИ