Да. За секоја градба е потребно одобрение од надлежна институција, без разлика дали станува збор за монтажна куќа, привремен објект или класична (тврда) градба. Постапката за добивање одобрение е иста како и за традиционална градба и вклучува изработка на соодветна проектна документација и поднесување во надлежна институција. Нашиот тим обезбедува комплетна поддршка во целиот процес – од проект до добивање одобрение за градба. Одгворот нека се издвои во прозорец со нежна боја
За добивање одобрение за градба потребна е соодветна проектна и правна документација, согласно важечката законска регулатива. Најчесто потребни се:
Точната документација може да варира во зависност од локацијата, намената и типот на објектот. Нашиот тим обезбедува целосна подготовка и координација на документацијата до добивање на градежна дозвола.
Во Република Северна Македонија, постапката за добивање одобрение за градба може да трае минимум 6 месеци, а во одредени случаи и подолго. Самата изработка на основен проект обично трае околу 1–2 месеци, во зависност од сложеноста на објектот. Потоа следува административна постапка која вклучува поднесување документација, прибирање согласности и одобрување од надлежните институции, што може да го продолжи вкупниот рок. MB HOME го координира целиот процес и обезбедува навремена и комплетна подготовка на документацијата, со цел да се избегнат дополнителни одложувања.
Цената за проектирање се определува согласно важечки правилник и усогласен ценовник за проектантски услуги, во зависност од типот, површината и сложеноста на објектот. Точната цена се дефинира откако ќе ја утврдиме проектната задача и обемот на документацијата. Усогласениот ценовник можете да го погледнете тука: https://www.komoraoai.mk/images/komora/Aneks_cenovnik_Visokogradba-tabeli_boja.pdf За конкретна пресметка на ваш проект, контактирајте нè за бесплатна процена.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.