ОСБ - значење, видови и употреба

Што е ОСБ?

O.riented S.trand B.oard - (плоча од ориентирани струготини) претставува плоча која е продукт создаден од пресувани струготини од дрво кои се ориентирани во иста насока за добивање на поголема цврстина и еластичност. Струготините се врзуваат со посебни полимерни материјали како смоли и други слични врзива. 

 

Видови на ОСБ

Во зависност од процесот на изработка и добиените својства, плочите се делат на четири класи:

1 Класа / OSB-1: овие плочи се користат за декорирање или изработка на мебел поради одликите кои се погодни за услови со мала влажност.

2 Класа / OSB-2: се користат при изградба на внатрешни структури. Имаат поголема издржливост на притисок и се користат исклучиво во суви услови.

3 Класа / OSB-3: погодни се за изработка на ѕидови и носечки структури во услови на висока влажност.

4 Класа / OSB-4: овој вид на плоча е најиздржлив и најотпорен на влага. Се користи како посебен градежен материјал. Овие плочи можат да издржат поголем товар.

Во однос на употребата, најраспростанета калас ан плоа е OSB-3, поради широкиот спектар на употреба со дури 90% застапеност ан пазарот. Поготово се употребува во изградба на монтажни обејкти.

 

Стандарди и употреба

Стандардните димензии на плочите се 1.22х2.44м. Со тоа се лесни за ракување и користење. Во однос на кроењето, можат да се сечат со рачни или електрични пили без преголемо оштетување на засечениот дел. Што се однесува до прицврстување на разни елемнти, тие имаат одлична издржливост, т.е цврстина. Според ова тие имаат одлична структура која е доволно издржлива како што се плочите од масивно дрво. 
   Според својата површина истите можат да се префарбуваат или пак на нив да се лепат декоративни или изолациони материјали.
      Се одликуваат со мала тежина. На пример табла од 9мм е со тежина од само 18 килограми. 

 

Градежништво

Основата е за изработка на тавани, партиции, внатрешни и надворешни ѕидови. За ваквите градежни дејствија се користат плочи од втора и трета класа со дебелина од 9 до 12мм. Што се однесува до подна облога се користат подебели плочи со димензии од 18 до 22мм. Притоа допринесува со поголема топлина и водонепропусност. За поефикасна монтажа на преградни ѕидови пред се мора да се инсталираат метални прфили кои се еден вид на основа за прицврстување на плочите.