Модерен дом на тркала - МДТ ,,БЕРТА''

Понеси го домот со себе, онаму каде што срцето ќе те одведе.
 
   Брзиот тек на секојдневието пропратен со светските  трендови, не поттикнаа да излеземе во пресрет на дигиталните номади, авантуристи, истражувачи и едноставно љубителите на ПРИРОДАТА.
Велат, малите работи некојпат вредат многу повеќе од големите. Се разбира ако се изработени од срце за вистинските хедонисти на патувањето. Меѓу другото, се’ потесниот простор во урбаната средина придонесе да се појават токму вакви мали подвижни домови кои ќе ве пратат во многубројни авантури и одмори.
МБ Хоме – Мокош, има за чест да ја претстави првата ,,Куќа на тркала’’ – со име МДТ - БЕРТА. Воедно значењето на самото име означува ,,Светлина’’.
 
One who is famously bright and beautiful!
Која како таква ја опкружува самата подвижна куќа, од која ќе имате привилегија да уживате во набљудување на ѕвездите преку таванскиот прозорец додека, природата ја создава својата магија во текот на ноќта.

    Велите дека сте биле, авантурист, дигитален номад, или пак домот сакате да го однесете со вас додека сте на годишен одмор. Берта е последната алка која ви недостасува како сопатник. Сето она кое ви треба за да се чувствувате комплетни при вашите следни авантури следени со удобност при некој агол во природата.

   Нашите номадски куќи ќе ви пружат сосема различно искуство кое го одликува псевдонимот на целосно Еколошка целина. Таа е самоодржлива а како извор на енергија се користи сончевата, преку поставениот фотоволтаик, оптимални потрошувачи, минимилизам и  економичност. Со висок коефициент на енергетска ефикаснот.

GREEN LIFE IN A TINY HOUSE!

 

Галерија