РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТАР

Герман е рурално село на надморска височина од 1350м, веднаш на врвот на планина Герман. Местоположбата на селото и климатските услови се идеални за развивање на комплетен туристички центар во ова село.

Руралниот туризам е отвара големи можности за развој на руралните средини кои располагаат со природни богатства. Најголемите придобивки од развој на руралниот туризам се големиот број на села како село Герман, постоењето на патна инфраструктура и основната комунална инфраструктура, а од друга страна огромни природни потенцијали (пејзажи, разни видови шума, многу патеки низ природата, планински чист воздух, чиста планинска вода).
ТУРИСТИЧКАТА ЗОНА ГЕРМАН на површина од 193.000м², е идеално место за одмор, релаксација, авантура и адреналин. Во срцето на недопрената природа на планината Герман, искусете ја оазата на мирот со неверојатни погледи и магични пејсажи. Комбинација на автентична архитектура со природни материјали и современи технологии.